Барнли е на потег: Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот бундеслигаш Штутгарт може да го продаде македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов само под еден услов, а тоа е ако некој за неговите услуги плати пет милиони евра.

Чурлинов минатата сезона ја помина на позајмица во Шалке 04, каде што играше многу добро, по што се врати во Штутгарт, каде што се наоѓа во одлична форма и постигна гол за победа против Динамо Дрезден во германскиот Куп.

За македонскиот фудбалер постои интерес од поранешниот премиерлигаш Барнли, но цената на Чурлинов му се зголеми од три на пет милиони евра.

Штутгарт ќе го продаде македонскиот фудбалер само ако некој од заинтересираните тимови плати пет милиони евра, а доколку не се случи тоа, тогаш македонскиот играч ќе остане во Германија.