Барса ја губи трката со времето, гигантите на полноќ ќе го нападнат Олмо


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Во Барселона повторно владее неизвесност, бидејќи судбината на трансферот на Дани Олмо сега е во рацете на Ла Лига и нејзините службеници. Тие имаат рок до полноќ да ја проверуваат доставената документација и официјално да го регистрираат играчот.

Во изминатите денови, Барселона се соочи со одбивање на две жалби, што го натера претседателот Жоан Лапорта да преземе итни мерки. За да ги обезбеди потребните финансии, клубот донесе одлука да ги продаде ВИП ложите на реновираниот „Камп Ноу“ за наредните 20 години на компанија од Дубаи.

Сепак, Ла Лига пристапува внимателно кон оваа зделка, со оглед на тоа што Барселона во минатото веќе склучуваше слични договори кои пропаднаа, поради што клубот не ги доби договорените средства. Овојпат, Ла Лига инсистира целосната сума да биде уплатена однапред, пред да се одобри регистрацијата на Олмо. Барселона, од своја страна, уверува дека сите чекори се направени согласно правилата и бара од Ла Лига да го заврши процесот во најкраток рок.

Додека ситуацијата се одолговлекува, неколку европски гиганти внимателно ја следат разврската. Се спомнуваат клубови како Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал, кои се подготвени да ја искористат ситуацијата доколку трансферот на Олмо пропадне.