Барса го декласираше Њукасел, па како гром од ведро небо јавноста ја изненади објавата на Бруно Фернандеш (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона синоќа пред своите навивачи го декласираше Њукасел со 7:2 и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а доста внимание после натпреварот привлече објавата на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, кој објави стори на Инстаграм по натпреварот на стадионот Камп Ноу.

Фернандеш на сторијата објави фотографија од Рафиња, кој одигра уште еден маестрален меч, а Португалецот му изрази признание на овој начин што навистина е фантастично.

Рафиња синоќа ја доби наградата за играч на натпреварот бидејќи успеа да постигне два гола и забележа две асистенции.

.