Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Откако беше потврдено дека Нико Вилијамс останува во Атлетик, Барселона се насочи кон барање на нови решенија за позицијата на левото крило.
Вилијамс потпиша договор кој трае до 2035 година, а клубот напомена дека отштетната клаузула е зголемена „за повеќе од 50%“. До денес изнесуваше 60 милиони евра, што значи дека 22-годишникот е недостапен за клубови кои не се подготвени да ја активираат клаузулата од договорот која изнесува најмалку 90 милиони евра.
Сега Барселона повторно се врти кон Луис Диас, колумбиски репрезентативец и фудбалер на англискиот првак Ливерпул. Неговата вредност според Трансфермаркт е 70 милиони евра, а договорно е врзан за клубот до летото 2027 година.
Диас пристигна во Ливерпул од Порто во 2022 година во трансфер вреден 45 милиони евра фиксен износ, со можност за дополнителни 15 милиони евра преку бонуси. Има одиграно 149 натпревари за тимот од Анфилд, постигна 41 и асистираше за 23 гола. За него е заинтересиран Бајерн, Ливерпул не сака да го продаде.
Фото: Grok AI