Барса по Кутињо, ќе украде уште една ѕвезда на Ливерпул


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од редовите на Барселона веќе влегоа во потрага по наследникот на Луис Суарез кој е во финалните години од неговата фудбалска кариера.

Голем број на играчи се поврзуваат со каталонскиот тим, а „Дејли Експрес“ во своето денешно издание пишува дека Барса почнала да ја разгледува опцијата за ангажман на Роберто Фирмино.

Фирмино е напаѓач на Ливерпул кој константно неколку години игра на врвно ниво, и ќе биде меѓу топ приоритетите на каталонскиот клуб за следното лето.

Помалку остварлива опција е Килијан Мбапе, а можно е Барса да тргне и по Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.