Барса прва повлече потег и испрати понуда за фудбалерот на Ајакс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Баерн Минхен се во трансфер битка за ангажман на играчот на Ајакс, Сержињо Дест.

Младиот десен бек е предмет на интерес на двата клуба, а досега фаворит за неговиот потпис беше германскиот гигант.

Сепак, најновите информации од Холандија говорат дека Барселона прва повлекла потег и веќе испратила официјална понуда за играчот.

Висината на сумата која ја понудила Барселона се уште не е позната, но медиумите јавуваат дека истата е сериозна и дека двата клуба во моментов преговараат за истата.