Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Роналд Араухо поминува низ најтешкиот период во својата кариера.
Уругваецот побара од Барселона да се повлече привремено, поради психолошки проблеми кои произлегоа од огромната критика на неговата сметка.
Агентите на Араухо се сретнаа минатата недела со спортскиот директор Деко, за да укажат на проблемите низ кои поминува уругвајскиот стопер, и клубот му порача дека има голема поддршка и да земе колку му е потребно време за опоравување.
Араухо веќе неколкупати беше означен како главен виновник поради своите слаби партии кога беше најважно, во Лигата на шампионите, и претходно беше мета на критичарите. Сега очигледно пука под притисокот и реши да се повлече и да ги надмине психолошките бариери.
Сепак, тоа не значи дека Барселона не разгледува опции на пазарот. Надежни извори пишуваат дека Ханси Флик веќе побара замена за Ињиго Мартинез, која не стигна откако одличниот стопер летово замина во Ал Наср.
Првата и најголема желба на Ханси Флик е неговиот сонародник – Нико Шлотербек. Тој има договор со Борусија Дортмунд до летото 2027 година, што значи дека во јуни влегува во последната година од договорот и Германците тогаш ќе го “фрактираат”, но не е невозможно и порано.
Јануари би можел да биде интересен ако Араухо не се врати, па Шлотербек се најавува како најлогично решение.
Тој дебитираше за репрезентацијата баш кога Флик беше селектор, има 26 години и вистински момент е за поголем чекор напред во кариерата.
Шлотербек пристигна во Дортмунд во јануари 2022 година за 20.000.000 евра, па јасно е дека Борусија ќе може убаво да заработи од неговиот трансфер.















