Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Раководството на Барселона наводно е при крај да финализира договор околу одигрувањето на натпревар кој на овој клуб ќе му донесе заработка од околу осум милиони евра.
Имено, Барселона во декември би требало да одигра пријателски натпревар во Перу, што ќе им донесе многу добри приходи.
Финансиската понуда била непреодолива за раководството на Барселона, особено по „пропаѓањето“ на планот за натпреварот против Виляреал кој требаше да биде одигран во Америка.
Да го одиграа тој натпревар против Виляреал во Америка, Барселона наводно ќе инкасираше околу шест милиони евра.
Наводно, раководството на Барселона одби да одигра пријателски натпревар во Либија на 10 октомври, а тој натпревар можеше да им донесе заработка од околу пет милиони евра.
Клубот се откажа поради наводни безбедносни проблеми, а истата понуда за пријателски натпревар ја доби и Атлетико Мадрид, кој пак ја прифати.
По сè, Барселона доби профитабилна понуда да одигра пријателски натпревар во Перу и се спремни да ја прифатат.
Според новинарите на Мундо Депортиво, овој натпревар ќе донесе заработка на Барселона од околу осум милиони евра, што навистина е тешко да се одбие.
Особено на раководството на Барселона понудата им беше тешко да ја одбијат, имајќи ги предвид моменталните околности и изгубените приходи од натпревари како оној во Америка.
Претседателот на Барселона, Лапорта, вчера се сретна со капитените на Барселона, Ханси Флик и Дек во тренинг центарот.
















