Барселона ѝ се налути на федерацијата: Сезоната за Гави е завршена?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот талент Гави ги скина лигаментите во победата на Шпанија од 3-1 против Грузија во последното коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

„Црвената фурија“ веќе имаше обезбедено место на првенството, но им требаше триумф за да завршат први во групата.

Барселона ѝ се налути на федерацијата на Шпанија затоа што не го поштеди Гави, кој ќе паузира од шест до осум месеци поради повредата.

Младиот фудбалер досега настапи 27 пати за шпанската репрезентација, а постигна пет голови.