Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот гигант Барселона сака да го врати Лионел Меси од ПСЖ, но за тоа ќе им треба финансиска помош од повеќе спонзори затоа што се наоѓаат во криза.
Новинарот Жерар Ромеро објави дека Барселона почнала да работи на договори со големи спонзори кои треба да помогнат во враќање на Меси на „Камп Ноу“.
Меси има договор со гигантот од Париз до крајот на сезоната, а засега нема нови преговори за соработка, па најверојатно ќе замине од тимот, а Барселона се споменува како негова следна дестинација.
Овој 35-годишен фудбалер играше за Барселона од 2005 до 2021 година, а притоа настапи на 778 меча, при што постигна 672 гола и 303 асистенции.