Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Барселона без поголеми проблеми, со исклучок на првите десетина минути, го одигра реванш натпреварот против Манчестер Јунајтед.
„Каталонците“ славеа убедлива победа од 3:0 против англискиот претставник и сосема заслужено се пласираа во полуфиналето.
Лео Меси уште еднаш беше моторот на тимот на Ернесто Валверде постигнувајќи два брзи погодоци во првиот дел. Најпрво Меси ја искористи грешката на Јанг, а потоа го матираше Де Геа по катастрофалната реакција на Шпанецот.
Најубавиот момент на средбата се случи во 61. минута кога Кутињо лансираше феноменален удар за конечни 3:0.