Барселона доби конкуренција во битката за потписот на фудбалерот на Бетис


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона подолг период се интересира за ангажман на играчот на Реал Бетис, Емерсон.

21 годишниот десен бек со своите настапи го привлече вниманието на бројни европски тимови, па така Барселона нема да има „чист“ пат кон негов ангажман.

Освен Барселона, за одличниот млад играч интерес пројавиле уште три големи европски тима како Интер, Тотенхем и Баер Леверкузен.

Од Реал Бетис исто така сакаат да го задржат играчот, што значи дека ова лето ќе се води навистина голема борба за неговиот потпис.