Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Жил Кунде повеќе од година дена не пропушти натпревар за Барселона и репрезентацијата на Франција, но овој дефанзивец се повреди синоќа за време на првото полувреме од мечот против Интер, па за Ханси Флик утрово стигнаа лоши вести.
Барселона играше синоќа на својот терен против Интер првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите кој беше навистина незаборавен бидејќи видовме дури шест голови.
Интер водеше против Барселона во два наврата, но на крајот не успеа да слави бидејќи натпреварот заврши со резултат 3:3.
Барселона успеа да се врати иако во еден момент на семафорот пишуваше 0:2, и јасно е дека одлуката за финалистот на Лигата на шампионите ќе падне во реваншот кој се игра наредниот вторник на Џузепе Меаца.
Покрај тоа што Барса не дојде до победа, за Ханси Флик лоша вест е што се повреди Жил Кунде кој беше „недопирлив“ повеќе од година дена бидејќи поради повреда не пропушти меч уште од октомври 2023 година.
Фото: Принтскрин