Барселона добива нов тренер: Одбројани му се деновите на Ернесто Валверде


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ернесто Валверде наскоро добива отказ, а тоа го потврдија и шпанските медиуми. Раководстовото на Барселона треба официјално да ја потврди својата одлука, а тоа се очекува да се случи околу 21 часот.

Капката која ја прелеа чашата беше поразот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кога Барселона загуби со 2-3 од Атлетико Мадрид, а сега се шпекулира кој ќе го замени Валверде.

Имаше неколку потенцијални тренери кои можеа да седнат на тренерското столче, а некои од нив се Маурицио Покетино и Чави, па останува да видиме што ќе решат Каталонците.

Валверде ја предводеше Барселона во последните две ипол години и освои две титули во Ла Лига, но во Лигата на шампиони целосно ги разочара навивачите.