Барселона добива нов тренер: Седум кандидати во конкуренција да го заменат Куман?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона најверојатно ќе му даде отказ на Роналд Куман на крајот на сезоната затоа што раководството смета дека не ги задоволил нивните очекувања во првата сезона.

Куман го обвинуваат дека е најголем виновник за лошите резултати и поради тоа што прави лоши измени за време на дуелите.

Иако пред две недели беше во добра позиција да го задржи своето тренерско место во гигантот, сепак ситуацијата драстично се промени откако Барселона речиси ја загуби трката за титулата.

Каталонските медуми објавија дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта почнал потрага по нов тренер, а на листата со желби се наоѓаат четири имиња, и тоа Чави, Кројф, Клоп, Гаљардо, Пимиента, Милито и Анри.