Барселона добива одлични вести од Англија, а во главна улога е – Кутињо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Филипе Кутињо реши во јануари да си замине од Барселона и кариерата да ја продолжи во Астон вила, откако едноставно не се вклопи во составот на каталонскиот гигант.

По лошите настапи за Барселона, Кутињо во јануари се пресели во Астон вила, каде што ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.

Кутињо има одличен старт во Астон вила, каде што на три меча постигна два гола и запиша две асистенции, а со тоа го убеди раководството да го откупи неговиот договор.

Астон вила е задоволна од неговите настапи, па раководството планира да испрати понуда од 40 милиони евра до Барселона, која најверојатно ќе биде прифатена.

Барселона на таков начин ќе се спаси од бразилскиот репрезентативец, а Астон вила воедно ќе добие квалитетно засилување.