Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ објави голема вест за загрепскиот Динамо. Новинарот Габриел Санс тврди дека Барселона го договорила доаѓањето на Кардосо Варела, а позната е и цената.
Варела неодамна постигна гол за Динамо во Лига Европа и сето тоа со само 17 години, а во Каталонија наводно го следат неговиот напредок. Според Mundo, договорот е постигнат и Варела оди на Камп Ноу за околу пет милиони евра фиксно плус 20 милиони евра преку бонуси.
”Во Загреб немаат намера да го продадат својот ценет играч пред да поминат тие две години од договорот, но знаат дека ако неговиот развој продолжи да се забрзува, неговото преминување во Барселона е загарантирано”, пишува погоре спомнатиот извор.
 
            