Барселона договори изненадувачко засилување од Норвич


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и дефинитивно ги договори личните услови со десниот бек на Норвич, Макс Аронс.

Младиот англиски  репрезентативец с есогласил да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант во трансфер кој претставува остварување на неговите соништа.

Се чини дека Барселона ја загуби битката со Баерн Минхен во трката за фудбалерот на Ајакс, Сержињо Дест, па брзо се насочи кон Макс Аронс кој за нив беше резервна опција во овој трансфер период.

Пред две недели Барселона ги контактираше „канаринците“, но тогаш понудата за позајмица без  можност за откуп на договорот веднаш беше одбиена.