Барселона доминира оваа година – постигна рекордни 113 голови на 36 натпревари


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


По триумфот против Севиља на гостинскиот терен синоќа, Барселона повторно се вклучи во трката за титулата во Ла Лига.

Каталонскиот тим е само на два бода зад лидерот Реал Мадрид и на еден бод зад Атлетико Мадрид, со уште 15 кола до крајот на сезоната.

Оваа победа ја истакнува извонредната форма на тимот, кој на 36 одиграни натпревари веќе постигна 113 гола, што значи просечно над три гола по натпревар.

За споредба, изминатата сезона Барселона постигна вкупно 110 голови на 53 натпревари. Овој исклучителен голгетерски учинок е сведоштво за моќниот напад и напаѓачката игра на тимот оваа година.