Барселона донесе огромна одлука за Левандовски, избран е и неговиот наследник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Барселона во последните недели направила листа на напаѓачи од кои ќе доведат еден наредното лето за да бидат сигурни во иднината кога станува збор за оваа позиција.

Левандовски е првиот избор во нападот на Барселона од неговото доаѓање во овој клуб од Баерн во јули 2022 година.

Тој сега има 36 години и јасно е дека во Барселона мора да размислуваат за тоа кој ќе биде прв избор откако популарниот Левандовски ќе замине од клубот или евентуално во пензија.

Замена за Левандовски е играч кој има 22 години, а неговото име е Пау Виктор, но јасно е дека наредното лето управата на Барселона ќе тргне по новиот прв напаѓач.

Шпанските медиуми тврдат дека Левандовски и следната сезона би можел да остане дел од тимот, но многу тешко ќе има улога на прв напаѓач, туку би добивал шанса од клупата.

Прашањето е дали тоа ќе му се допадне на Полјакот кој во 105 одиграни натпревари во дресот на Барселона успеал да постигне 68 голови.

На списокот на Барселона постои уште еден одличен играч кој ќе биде слободен наредното лето, а тоа е Џонатан Дејвид на кого на крајот од сезоната му истекува договорот со Лил.