Барселона доведе ново засилување


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Раководството на Барселона соопшти дека доведе ново засилување за следната сезона од Флуминенсе.

Каталонскиот клуб потврди дека Марлос Сантос е нов фудбалер на Барселона. Овој фудбалер е пратен на позајмица од бразилскиот клуб со право на откуп.

Овој 20-годишен фудбалер ќе почне да игра во Барселона Б кај Жерар Лопез и ако се докаже ќе добие шанса во првиот тим.

Сантос за првиот тим на Флуминенсе има одиграно над 70 натпревари.