Барселона е на потег: Челси испрати понуда за Обамејанг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси конечно испрати понуда за напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг за кој се шпекулира веќе со недели дека ќе се пресели во Лондон.

Челси бара нов напаѓач, откако го продаде Тимо Вернер во Лајпциг, а Ромелу Лукаку го испрати на позјамица во Интер.

Обамејанг во јануари ја засили Барселона како слободен фудбалер од Арсенал, а имаше солидни настапи за каталонскиот гигант, кој сепак би можел да го напушти.

Барселона мора да продава фудбалери за да ангажира нови фудбалери, но и да го регистрира дефанзивецот Жил Кунде, кој пристигна од Севиља.