Барселона е подготвена за продажба на Рафиња – позната е цената, а стигна и понуда од С. Арабија


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Пред неколку дена фудбалската јавност беше изненадена од веста дека во Барселона размислуваат за продажба на Рафиња и веќе му одредиле цена иако игра во животна форма. Интересот за Бразилецот е огромен, а наводно веќе стигнала првата понуда на адреса на каталонскиот клуб.

Рафиња оваа сезона игра неверојатно и се профилираше како еден од најдобрите играчи на Барселона иако минатото лето беше на излезните врати од овој клуб.

Поради тоа многумина беа изненадени пред неколку дена кога шпанските медиуми објавија дека во Барселона размислуваат за продажба на Рафиња.

Дури се појави информација дека Каталонците одредиле цена за Рафиња и немаат ништо против да го продадат на лето ако некој клуб плати барем 80 милиони евра.

Каталонскиот „Спорт“ објави дека саудискиот Ал Хилал прв реагирал и е подготвен да плати 80 милиони за Рафинја за Бразилецот летово да премине во нивниот клуб.

Фото: Принтскрин