Барселона е пред нова ера: Чави кажа – доста е!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Барселона во последните неколку месеци доживеа многу промени во екипата, но денешниот триумф против Атлетико Мадрид покажа дека може да се очекуваат подобри денови за каталонскиот гигант.

Чави Ернандез стигна како замена за искусниот Роналд Куман, кој само разочара и направи хаос во екипата, а Жоан Лапорта минатата зима му ангажираше неколку засилувања на новиот тренер.

Каталонскиот тим поради финансиски проблеми не можеше да си ги дозволи најголемите ѕвезди од светскиот фудбал, но и во моментов има добра екипа.

Минатото лето стигна Мемфис Депај, а зимава беше ангажиран и Пјер-Емерик Обамејанг, кој ќе се обиде да ја оживее кариерата.

Единствен за кој дадоа многу пари Каталонците е Феран Торес, кој пристигна од Манчестер сити за 55 милиони евра.

Се очекува Торес, заедно со Депај и Обамејанг, да биде напаѓачко трио за иднината во познатата формација 4-3-3.

Младиот Осман Дембеле разочара со неговото однесување, па отпишан е од екипата, а се очекува на лето да си замине од клубот.