Барселона е во криза, Туре ја понуди неговата помош!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во првите седум натпревари од Ла Лига оствари три победи и во моментов е на деветтата позиција во шпанскиот шампионат.

Тренерот Роналд Куман е под голем притисок, а клубот е во резултатска и финансиска криза, а помош им испрати Јаја Туре.

Туре во минатото играше за Барселона, и тоа беа успешни години, па поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска со нив освои седум трофеи.

Тој во моментов работи како помошник тренер во Ахмат, но ја следи ситуацијата во поранешниот клуб и сака да му помогне.

„Времето минато во Барселона ми се омилени спомени од кариерата. Клубот ми даде доверба уште кога бев млад играч и требаше да се докажам во најсилните лиги. Засекогаш ќе им бидам благодарен на тоа“, вели Туре.