До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона е во напредни преговори со Манчестер јунајтед околу можен трансфер на англискиот напаѓач Маркус Рашфорд, а вредноста на потенцијалниот договор се проценува на околу 30 милиони евра.
Според информациите што ги пренесуваат повеќе европски медиуми, каталонскиот гигант сериозно ја разгледува можноста да го откупи договорот на 27-годишниот офанзивец кој игра на позајмица во моментов.
Разговорите меѓу двата клуба наводно се во понапредна фаза, а се работи на финализирање на финансиските и договорните детали.
















