Барселона ги објави капитените за следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона објави кои фудбалери ќе бидат капитени следната сезона. Главен капитен ќе биде Серхи Роберто, додека негова замена ќе биде голманот Марк-Андре Тер Штеген.

Доколку тие двајца не се на терен, тогаш капитенската лента ќе му припадне на Роналд Араухо или на Френки Де Јонг.

„Секогаш сум бил лидер, без разлика дали ја имам лентата на рака или не. Да се биде капитен на Барселона е голема чест“, кажа Араухо.