Барселона го ангажираше летово, а Меси сака веднаш да го избркаат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона летово ангажираше неколку засилувања, а еден од фудбалерите кои стигнаа на „Камп Ноу“ е Жуниор Фирпо.

Овој 23-годишен лев бек играше одлично за Бетис минатата сезона, а потоа стигна во каталонскиот тим како замена за Жорди Алба во трансфер, кој на крајот може да достигне и цена од 30 милиони евра.

Фирпо меѓутоа сезонава одигра само четири меча за Барселона, но тоа очигледно не е негов најголем проблем.

Некои шпански медиуми пишуваат дека Барселона ќе мора да го избрка наскоро, зашто Лионел Меси така побарал од управата.

Се шпекулира дека Аргентинецот смета дека Фирпо нема доволно квалитет за каталонскиот гигант.