Барселона го донесе првото летно засилување и веднаш му стави неверојатна откупна клаузула


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона денеска го потврдија ангажманот на младиот Лудовит Реис кој во клубот доаѓа од редовите на Гронинген.

18 годишниот фудбалер игра во средината на теренот, а за Гронинген сезонава што изминува настапил на 33 натпревари на кои постигнал еден погодок и запишал една асистенција.

Лудовит Реис со Барселона потпиша тригодишен договор со можност истиот да биде продолжен на плус две сезони. На „Камп Ноу“ пристигнува за официјална сума од 3.5 милиони евра, а Барселона во договорот вметна неверојатна откупна клаузула од 100 милиони евра.