Барселона го избрка во 2021 година, а сега вреди 60 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Ница, Жан-Клер Тодибо наскоро би можел да направи трансфер во Премиерлигата за 60 милиони евра, а интерес за неговите услуги покажале Манчестер јунајтед и Челси.

Француските медиуми пишуваат дека Тодибо заслужил трансфер во англиски гигант, откако импресионира со настапите за Ница, иако претходно го избркаа од Барселона.

Барселона го купи Тодибо од Тулуз за еден милион евра во 2019 година, но две години подоцна го продаде за 8,5 милиони во Ница, каде што се препороди и игра на врвно ниво.

Каталонскиот гигант, исто така, ќе заработи од следниот трансфер на Тодибо поради клаузулата во неговиот договор, односно ќе му припаднат 20 отсто од средствата кои ќе ги плати следниот клуб на францускиот репрезентативец.