Барселона го контактираше Рајола: Каталонците прават „грабеж“ во Јувентус!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт летово го напушти Ајакс и кариерата ја продолжи во Јувентус. Сепак, тој беше една од главните желби на Барселона, која ќе се обиде повторно да го добие неговиот потпис.

Младиот стопер се пресели во Јувентус, а потоа Барселона ги обвини Де Лихт и неговиот агент Мино Рајола дека го направиле тоа поради пари.

Сепак, италијански „Калчомеркато“ објави денеска дека Барселона не се откажува од Де Лихт. Наводно, каталонскиот клуб уште во јануари ќе се обиде да го донесе Холанѓанецот и веќе имале контакти со Рајола.

Овие вести изненадија многумина со оглед на тоа дека Де Лихт потпиша за Јувентус пред неколку месеци, но се шпекулира дека не е задоволен во италијанскиот шампион.