Барселона го менува Тер Штеген со – млад и талентиран голман!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, Барселона го искористи правото за откуп на Жоан Гарсија од Еспањол за сума од 25 милиони евра.

Гарсија ќе биде официјално претставен како ново засилување на Барселона наскоро, бидејќи клубот планира да го исплати целиот износ во следната недела. Тој ќе потпише договор за пет години и ќе стане прв избор на позицијата голман.

Со ова, ќе се промени динамиката на тимската голманска позиција. Иако германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген изјави неодамна дека сака да остане во „Камп Ноу“, доаѓањето на Гарсија најверојатно ќе значи негово заминување од Барселона.

Фото: Grok AI