Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ернесто Валверде ја заврши соработката со Барселона по две ипол сезони. Раководството на „Камп ноу“ реши да му даде отказ на стратегот, а наместо него го ангажираа Кике Сетиен.
Сепак, иако доби отказ Валверде, сепак тој од клупата на каталонскиот гигант замина како вистински господин и нема да ја земе цела плата, која требаше да ја добие.
Тој на својот агент му порачал да не го бара целосниот износ, кој требаше да го заработи, туку пријателски се раздели со Барселона.
Наводно, Валверде во Барселона заработуваше 24 милиони евра годишно, па тоа значи дека требало да добие уште 36 милиони, но тој се откажал од таа сума.
Вакви работи се реткост во светот на фудбалот, но Валверде покажа дека фудбалот е многу повеќе од пари, барем за него.