Барселона го посакува најскапото засилување на Мурињо


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тангуј Ндомбеле минатото лето стигна како најскапо засилување во историјата на Тотенхем кога дресот на Лион го замени тој на „петлите“ од Лондон.

Сепак, фудбалерот не се снајде најдобро во првата сезона во Тотенхем, а менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо јавно ги критикуваше неговите настапи.

Англискиот „Мирор“ сега пренесува дека Барселона ја разгледува можноста да го ангажира Ндомбеле во своите редови и се надева дека ќе ја искористи напнатата ситуација меѓу играчот и Мурињо и ќе го привлече во своите редови.