Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона влегува во завршните денови од обидот за доведување на Хулиан Алварез. Каталонскиот клуб постави рок до крајот на јули, или најдоцна во првите денови на август, по што ќе треба да се откаже од аргентинскиот напаѓач и да се насочи кон други решенија.
Жоан Лапорта претходно потврди дека Барселона испратила многу сериозна понуда, но и нагласи дека таа нема да важи неограничено. Ханси Флик сака што поскоро да знае со каков тим ќе влезе во новата сезона, поради што клубот не планира да чека до последните денови од трансферниот рок.
Проблемот за Барселона останува комплетно цврстиот став на Атлетико Мадрид. Извршниот директор на клубот Мигел Анхел Гил Марин порача дека Хулиан Алварез не е на продажба и дека Атлетико не би прифатил ни понуда од 100, 150 или дури 200 милиони евра. Неговиот откупна клаузула изнесува дури 500 милиони евра.
Сепак, Барселона се надева дека ситуацијата може да ја промени самиот играч. Каталонците очекуваат дека Алварез уште еднаш јасно ќе изрази желба за заминување и така ќе го принуди Атлетико барем да ги отвори преговорите.
Аргентинецот после Светското првенство навести дека сака нов предизвик, а Барселона верува дека токму неговиот јавен притисок е единствениот начин на кој може да се промени сегашниот став на мадридскиот клуб. Без тоа, реализацијата на трансферот е речиси невозможна.
Според последните информации од Шпанија, Барселона разгледува нова понуда вредна околу 130 милиони евра. Сепак, извори од Атлетико и понатаму тврдат дека нема да преговараат ниту со Барселона ниту со Реал Мадрид.
Затоа, каталонскиот клуб веќе подготвува резервна опција. Лапорта и спортскиот директор Деко свесни се дека на тимот му треба напаѓач кој би го заменил Роберт Левандовски на долг рок, но не сакаат целиот трансферен период да го потрошат на работа која другата страна ја одбива и да ја започне.
















