Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Додека во Реал Мадрид последните денови се говори за конфликти, тензии и проблеми во соблекувалната, Барселона пред Ел Класико одлучи да покаже сосема поинаква атмосфера.
Каталонскиот клуб на социјалните мрежи објави фотографија на насмеани играчи со кратка порака: “Семејна прослава”. Многу шпански медиуми веднаш го протолкуваа ова како суптилна провокација кон најголемиот ривал.
Сето ова доаѓа само неколку дена пред големото Ел Класико кое се игра во недела од 21 часот, а ситуацијата во двата табора тешко може да биде поразлична.
Во Мадрид последните денови се зборува за големи проблеми внатре во екипата, а дополнително бура предизвикаа информациите за конфликтот меѓу Феде Валверде и Орелиен Чуамени по кој Уругваецот заврши во болница. Валверде подоцна ги демантираше наводите за тепачката и објасни дека се повредил поради незгоден удар во маса.
















