Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Барселона објави синоќа дека потпишала нови договори за продолжување на соработката со Жерар Пике, Марк-Андре Тер Штеген, Клемен Ленгле и Френки де Јонг.
Пике договорот го продолжи до 2024 година, а една сезона подолго ќе остане германскиот чувар на мрежата Тер Штеген, додека до 2026 година ќе останат Ленгле и Де Јонг.
Каталонскиот гигант очигледно планира околу овие фудбалери да ја гради иднината на екипата, па ќе видиме дали во следниот период ќе биде договорена уште некоја соработка.
Секако, сите се надеваат дека Лионел Меси ќе го продолжи договорот, иако тоа е малку веројатно во моментов, затоа што наводно сака да се пресели во Манчестер сити како слободен играч на крајот на оваа сезона.
? [ÚLTIMA HORA]
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 20, 2020
¡4⃣ renovaciones! ✍
✅ @3gerardpique
✅ @mterstegen1
✅ @clement_lenglet
✅ @DeJongFrenkie21
ℹ Consulta todos los detalles ▶ ️https://t.co/mP6Gjac8Jp pic.twitter.com/OW4x5Hj5F3