Барселона го украде англиското „чудо од дете“ пред носот на Германците


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Барселона продолжува со политиката на донесување на најголемите млади таленти на европскиот фудбал, а последниот потег предизвика големо внимание во спортската јавност.

Каталонскиот гигант, според пишувањата на британските медиуми, е на работ од реализација на трансферот на 15-годишниот Ајаја Таварес од Норич Сити.

Се работи за исклучително талентиран нападител кого многумина во Англија го нарекуваат “чудо од дете”.

Иако има само 15 години, Таварес веќе настапувал за репрезентацијата на Англија до 17 години, што доволно зборува за неговиот потенцијал.

Таквиот развој не остана незабележан ни помеѓу најголемите европски клубови.

Посебен интерес покажаа РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, клубови познати по развојот на млади играчи.

Германците сакале да го доведат Таварес веќе во јануари, но според сè изгледа дека останале без резултат.

Барселона реагираше брзо и решително, користејќи ја својата репутација и долгорочната спортска визија.

Во каталонскиот клуб веруваат дека Таварес има потенцијал еден ден да стане важен член на првиот тим.