ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Барселона успеа да договори доаѓање на Маркус Рашфорд што ќе биде официјализирано во наредните денови, но изгледа дека тој не е единственото големо појачување што каталонскиот клуб наскоро ќе го претстави.
Иако Каталонците се обидоа да го доведат Нико Вилијамс како појачување на позицијата на десното крило, на крајот изборот падна на Маркус Рашфорд кој без двоумење го прифати повикот од Барселона.
Рашфорд ќе дојде во каталонскиот тим на едногодишна позајмица, а Барса ќе има можност следното лето да го откупи неговиот договор.
Англичанецот би можел веќе за неколку дена да биде претставен како ново појачување на Барселона, но изгледа дека не е единствениот кој ќе дојде во редовите на Блауграна.
Шпанските медиуми пишуваат дека челниците на Барселона започнале акција во однос на појачувањата, и дека покрај Рашфорд, преговараат и со Интер околу доаѓањето на Дензел Думфрис.
Думфрис ги воодушеви Joana Laporta и Deco во полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите кога беше најзаслужен што Интер ја исфрли Барселона, и сметаат дека Холанѓанецот би бил одлично појачување на позицијата на десниот бек.
На таа позиција инаку игра Жулс Кунде кој, исто така, имаше одлична сезона, но не е тајна дека Французинот повеќе ја преферира позицијата на стопер, што Ханси Флик би можел да му го овозможи во новата сезона ако дојде Думфрис.
Во таков случај, Барселона веројатно ќе продаде некој од стоперите, и се чини дека тоа ќе биде Роналд Араухо.
Фото: Принтскрин