Барселона и Лајпциг се договорија, Олмо ќе потпише договор до 2030 година

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се сели во Барселона, откако каталонскиот гигант се договори со Лајпциг за трансфер вреден 55 милиони евра плус седум во бонуси.

Лајпциг ќе добие 55 милиони евра плус седум во бонуси, а Олмо ќе потпише договор до 30 јуни 2030 година.

Шпанскиот фудбалер претходно ги договори деталите со Барселона, по што спортскиот директор Деко ги комплетира деталите со Лајпциг.