Барселона и Манчестер Сити пред финален договор за размена на играчите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ јавува дека Барселона и Манчестер Сити се пред финален договор за трампа помеѓу играчи.

Имено, на „Камп Ноу“ би требало да се пресели Жоао Кансело, а во спротивен правец, Нелсон Семедо.

И двајцата играат на десната бековска позиција и не ја оправдаа двербата во своите клубови. Манчестер Сити е тој кој ќе го прати Кансело во Барселона и кој ќе доплати за да ги добие услугите на Нелсон Семедо.

Медиумот пренесува дека договорот ќе биде постигнат многу скоро, а преговорите кои Семедо ги имал за нов договор со Барселона конечно пропаднале.