Барселона и официјално потврди дека е продаден еден од најискусните играчи


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона во текот на денот потврдија дека нивниот фудбалер, Иван Ракитиќ кариерата ќе ја продожи во редовите на Севилја.

Хрватскиот репрезентативец се враќа во тимот од кој во 2014 година пристигна во редовите на Барселона.

Ракитиќ дресот на андалузискиот клуб со голем успех го носеше цели три сезони, од 2011 до 2014 година.

32 годишниот Ракитиќ во дресот на Барселона помина шест години и за тој период запиша 310 натпревари на кои запиша 35 погодоци.