Барселона има двајца фаворити за замена на Куман


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓанецот Роналд Куман се наоѓа пред отказ во екипата на Барселона. Овој 58-годишен тренер не ги оправда очекувањата на каталонскиот гигант, а „Мундо Депортиво“ тврди дека веќе двајца стратези се споменуваат како замена за сегашниот предводник.

Новинарот на познатиот медиум објави дека Чави Ернандез и Роберто Мартинез се најголемите фаворити за тренерското столче во Барселона.

Проблем е тоа што ниту еден од овие не е слободен. Чави со години работи во Катар, додека Мартинез ја предводи Белгија.

Исто така, како еден од кандидатите се споменува италијанскиот тренер Андреа Пирло, кој во моментов е без ангажман.

Меѓутоа, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта сака докажан тренер кој може да ја врати екипата на победнички патеки.