Барселона има големи проблеми со повреди пред реваншот со ПСЖ


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Барселона сезонава има големи проблеми со повредите, а секое коло добива нов удар. По мечот против Севиља тие дознаа дека двајца важни фудбалери се пожалиле на повреди.

Тоа се Осман Дембеле и Жерар Пике. Тие денеска ќе направат дополнителни прегледи по што ќе биде познато колку време ќе паузираат.

Се верува дека повредите не се премногу опасни, но ако се искомплицира ситуацијата, тогаш тие можеби не би биле подготвени за натпреварот против ПСЖ во реваншот.