Барселона има одреден рок за доведување на нов напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците минатата седмица потврдија дека Осман Дембеле се здоби со тешка повреда и дека ќе биде надвор од терените дури шест месеци, а правилата на Ла Лига наложуваат дека клубот во тој случај има право да доведе ново засилување.

Барселона вчера официјално доби дозвола од Ла Лига да регистрира нов фудбалер, но нема да може долго да се мисли околу тоа. Имено, каталонскиот клуб доби рок од десет дена за регистрирање на нов напаѓач.

Исто така правилата јасно говорат дека Барса може да доведе само играч кој моментално настапува во Шпанија. Со клубот се поврзуваат многу имиња, но се чини дека конечниот избор е веќе познат.

Имено, во Барса скоро сигурно ќе дојде Мартин Браитваите од Леганес, кој во досегашниот дел од сезоната за овој тим постигна осум голови. Тој има откупна клаузула од 18 милиони евра, но се очекува трансферот да не изнесува повеќе од десет милиони евра.