Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се соочува со финансиска криза и луѓето во раководството бараат начин како да се намалат трошоците, но еден нивни потег малку ја изненади јавноста.
„Мундо Депортиво“ објави дека каталонскиот тим можел да продаде тројца фудбалери во претходните месеци и за нив да добие неверојатни 250 милиони евра, со што би се „закрпиле“ неколку „дупки“ во буџетот.
Манчестер јунајтед понудил 150 милиони евра за Ансу Фати, но таа сума била одбиена од поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу, додека Педри можел да биде продаден за 40 милиони евра во Баерн Минхен, но ниту понудата на Баварците не била прифатена.
Трет фудбалер, кој можел да замине од Каталонија бил Тринкао, а Барселона добила понуда за неговите услуги од 60 милиони евра, но тоа не било доволно за раководството.