Барселона ја одреди цената за Ракитиќ: Хрватот ја напушта Каталонија


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ уште не знае дали ќе го носи дресот на Барселона и следната сезона.

Ракитиќ веќе неколку сезони е прв избор на каталонскиот клуб, но по пристигнувањето на неколку засилувања неговото место е загрозено.

Ернесто Валверде јасно кажа дека Ракитиќ е важен дел од тимот, но управата на Барселона сака да го продаде доколку пристигне примамлива понуда.

Ракитиќ се поврзуваше со ПСЖ, но тоа тешко ќе се случи, па постои шанса да се пресели во Интер, кој исто така е заинтересиран за него.

Во каталонскиот клуб потврдија дека Ракитиќ е на продажба, но ќе се ослободат од него доколку некој понуди 55 милиони евра.