Барселона ја одреди цената: Два гиганти во жестока борба за Ракитиќ!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона е подготвена да го пушти хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ за 50 милиони евра да замине од „Камп ноу“, а како најзаинтересирани екипи за неговиот потпис се споменуваат Интер и Манчестер јунајтед.

Интер долго време покажува интерес за Ракитиќ, откако претходно не успеаа да го договорат Лука Модриќ од Реал Мадрид, па очигледно ќе се задоволат и со „Ракетата“ од Барселона, но проблем им претставува интересот на „Ѓаволите“.

Колку што е познато, сумата од 50 милиони евра, која ја бара Барселона, не е проблем за ниту еден од тимовите, па тие ќе водат голема борба на лето за неговиот потпис.

Ракитиќ на „Камп Ноу“ игра од 2014 година, па освои неколку трофеи со Барселона, меѓу кои е и трофеј во Лигата на шампиони.