„Барселона ја оставив на осум бода за Реал, а сега разликата е двојно поголема“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман заработи отказ во октомври минатата година, а на негово место стигна Чави Ернандез.

Каталонскиот гигант со младиот тренер успеа да оствари неколку одлични резултати, но во последно време играат многу лошо.

Куман реши да даде коментар за целата ситуација во неговиот поранешен тим и реши да се исмејува со гигантот.

„Не добив поддршка од претседателот. Се надевам дека Чави ќе ја добие. Во клубот ситуацијата е иста како во времето кога јас бев таму. Но јас го оставив тимот на осум бода зад Реал, а сега разликата е двојно поголема“, вели Куман.

Холанѓанецот замиина од кормилото на Барселона, која ја предводеше на 67 меча и притоа оствари 39 победи, 12 ремија и 16 порази.