Барселона ќе биде ослабена на реваншот против ПСЖ


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Барселона утре ќе се обиде да се врати од поразот во првиот меч од ПСЖ со 1-4, па ќе им треба вистинско чудо во Париз за да обезбедат пласман во четвртфинале на Лигата на шампиони.

Тренерот Роналд Куман доби лоши вести еден ден пред натпреварот затоа што нема да може да смета на Жерар Пике и Араухо во реваншот против ПСЖ.

Двајцата дефанзивци се повредени и нема да бидат во конкуренција за натпреварот, а тоа значи дека во одбраната ќе заиграат Самуел Умтити и Клемен Ленгле.